еМагазин
Image default
Локално

331 санкционирани возачи во Скопје: 93 за пречекорена брзина, 31 мотоциклист

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 331 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 93 прекршоци, 42 технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 санкциониран мотоциклист.

Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец претепан во неговиот дом од тројца гости

Редакција

Црн предновогодишен ден за пешаците: Повредени едногодишно и шестгодишно дете

Редакција

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати

Редакција