еМагазин
Image default
Македонија

339 предмети од Македонија чекаат пресуда пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур 

Од вкупно 1.014 пресуди на Европскиот суд за човекови права од вкупно во 2018 година, 12 се однесуваат на Република Македонија и во сите е констатирано кршење, односно непочитување на Европската конвенција за човекови права.

Според статистиките на Судот од Стразбур, една од пресудите се однесува на отсуство на ефективна истрага, за слобода на изразување, заштита на сопственост, три пресуди за непочитување на правото на слобода и сигурност, правото на правично судење и правото за собирање и здружување и една од пресудите е за констатирано кршење на другите членови на Конвенцијата.

Од вкупните статистики на Судот од неговото основање до денес, ЕСЧП има донесено 21.651 пресуда, од нив 153 се однесуваат на Република Македонија која пристапи во Судот во 1995 година со членството во Советот на Европа и пристапувањето во Европската конвенција за човекови права.

Од 153 пресуди, во 136 е констатирано кршење на Конвенцијата, во 12 немало кршење на Конвенцијата, три предмети биле решени со спогодба на тужителите и државата или нивно отпишување од постапката и уште три пресуди биле со правично задоволување, ревизија, прелиминарни исклучоци или ненадлежност.

Пред ЕСЧП од Стразбур во текот на 2018 година пристигнаа 43.100 предмети, односно -32 отсто помалку во споредба со 2017 година кога пристигнале 63.350 предмети. Овој дел од статистиките беше коментиран непосредно пред нивното објавување од Генералниот секретар на Советот на Европа, кој објасни зошто ланската година имаше толку големо и драстично намалување на предметите кои пристигнале во Стразбур од сите 47 земји членки на Советот на Европа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 4 пациенти, а вкупно се лекуваaт 65

Редакција

(Фото) Со пурпена запечатен автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од СДСМ, Јанчева

Редакција