еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Уставните измени мора да се спроведат, повтори еврокомесарката за проширување Кос

Словенката Марта Кос, која и официјално е новата еврокомесарка за проширување, денеска за европскиот пат на Македонија го повтори тоа што го кажа и пред да биде избрана.

Од земјава очекува уставни промени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, “ништо повеќе и ништо помалку“ од тоа.

Таа смета дека тоа било можно, а по усвојувањето на уставните измени, според неа процесот за зачленување на Македонија во Европската Унија ќе се забрзал.

Праша пак за гаранции за Македонија, дека на европскиот пат нема да добие нови блокади, одговори дека таа не била личноста која може да даде одговор на тоа прашање.

На прашањето како да се подобрат односите помеѓу двете земји, рече дека требало што е можно повеќе да се разговара и со Скопје и со Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има ни милиметар поместување од црвените линии за уставните измени, повтори Мицкоски

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Галичка свадба 2024 во знак на половина век партнерство на Пивара Скопје со манифестацијата и 100 години Скопско

Редакција

Четири пациенти починаа од Ковид-19

Редакција

Што пишува во биографијата на Оливер Ристовски: Од заменик-министер за правда до член на ДИК

Редакција