еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

4 лица од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Од Министерството за здравство вчера информираа за шест новопочинати лица од коронавирусот во Македонија.

Со тоа вкупната бројка на починати од вирусот во земјава порасна на 71.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.

Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден“, информираа од Министерството за здравство.

Детали за новопочинатите соопштија и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Кај починатите лица биле присутни симптоми и истите биле хоспитализирани.

Кај четири лица се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Сите случаи се без историја на патување, а само два случаи биле во контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната прес-конференција рече дека новопочинатите биле со крајно тешка клиничка состојба.

„Пациентите биле со нарушување на сите органи и параметри кои и со интервенции неможат да се нормализираат“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе мажи, најголем дел се со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Убава вест: Од коронавирусот излекувани 75 здравствени работници во Македонија

Повеќе жени, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок стабилно време, за викендот заладување и дожд

Редакција

СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа есен

Редакција

Репортери без граници: Македонија на 95. место според индексот за слобода на медиумите

Редакција