Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 9 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г).
Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.
Вкупниот број на починати е 8.177.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 1.450 оздравени од Ковид-19
275 се реинфекции: 2.071 нови случаи на Ковид-19 од 6.010 тестирања
Фото: МЗ