еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

40 дена штама за бегството на Груевски

И по 40 дена откако поранешниот македонски премиер, Никола Груевски на својот Фејсбук профил соопшти дека е во Унгарија (13 ноември) и дека таму ќе бара политички азил, кој во меѓувреме веќе го доби, молк од македонските институции за овој голем скандал.

Периодот е подолг за уште неколку дена, ако се смета дека Груевски ја напуштил Македонија на 10 ноември.

Сите земји од регионов низ кои била “маршутата“ на неговото бегство (Албанија, Црна Гора и Србија) излегоа со официјални информации и детали, а единствено нема информации за тоа како побегнал, кој му помогнал и кога ја напуштил Македонија, од ниту една македонска институција: Министерството за внатрешни работи (МВР), Бирото за јавна безбедност, Министерството за надворешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање, Финансиската полиција, Јавното обвинителство…

Она што и е познато на јавноста е дека се водат две истраги во МВР, а предистражна постапка отвори и Јавното обвинителство.

Од Обвинителството најавија дека детали за нивната истрага ќе има деновиве, од МВР пак нема никакви најави.

Премиерот Зоран Заев, пак неодамна рече дека тој ги знае сите детали за неговото бегството, но ќе ги соопшти истите на јавноста “кога ќе дојде време„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Груевски не му побегна на МВР

Твитер „полуде“ за новото видео со Груевски: „Украде милијарда за да јаде во Унгарија“

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта

Фотографијата на Груевски во Будимпешта го „збесна“ Твитер: „Абе каци ти“

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДОМ ќе ја подржи реконструкцијата на Владата, но има неколку услови

Редакција

Младите од Македонија можат да аплицираат за бесплатни билети за патување низ Европа

Редакција

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

Редакција