еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

50% од починатите од Ковид-19 донесени на лекување предоцна

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во врска со зголемениот број смртни случаи од коронавирусот, на денешната прес-конференција рече дека речиси 50 проценти од пациентите кои починале од Ковид-19, биле предоцна донесени на клиниката, односно без претходна консултација со лекар.

-За прецизно дискутирање на смртните случаи треба да се направат прецизни анализи. Јас можам да кажам од аспект на она што ние го гледаме на клиниката.

Од над 470 пациенти досега, имаме 90 кои за жал, се со смртен исход. Најголем дел од нив се донесени на лекување по 10-15 дена самолекување, односно без претходна консултација на лекар.

Еден друг дел, се донесени по повеќе од една недела самолекување.

Нашите математики се дека 50 проценти од пациентите се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил поинаков ако тие биле донесени навреме или барем консултирале матичен лекар, вели Стевановиќ.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стевановиќ: Дексаметазонот го користиме во лекувањето на болни од Ковид-19 и се покажа како корисен

Пациентите со Ковид-19 ќе може да се лекуваат и во болниците „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“

Во следните 7 дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, порача Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Охрид за Велигден преполн со гости

Редакција

Маж од Форино изгризан до смрт од животни

Редакција

Уставниот суд не поведе постапка за распуштањето на Парламентот

Редакција