еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

54 доктори и медицински сестри од целата земја дојдоа да помогнат во Клиниката за инфективни болести и „8 Септември“

Министерството за здравство информира дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот.

Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава.

„Го мобилизираме целиот здравствен систем за побрзо да го надминеме и овој бран. Со вклучувањето на дополнителен тим значително ќе им ја олесниме работата и ќе им помогнеме на вработените во овие две установи во справувањето со овој непредвидлив вирус.

Сакам да им порачам на сите, да ги слушаме нашите лекари, да се придржуваме до мерките заштита, да не се групираме, да носиме заштитна маска и често да ги миеме рацете. Mораме да бидеме свесни дека само од нас зависи. Да ги почитуваме мерките без исклучок“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Во функција е ставена и монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти. Оваа болница е целосно опремена и има капацитет од дополнителни 72 кревети, како надополнување за Инфективната клиника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе издржи ли здравствениот систем: Вториот бран на корона вирусот станува цунами?

Болниците преполни со пациенти заболени од корона вирусот, се активираше и монтажната болница

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ламбе Алабаковски: Среќен и радосен сум што го запалив бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Редакција

Самоизолација и за министерот за образование Арбер Адеми

Редакција

Два нови случаја на корона вирусот во Гостивар, и двата се во селото Чегране

Редакција