еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

58-годишник допирал малолетник во парк, со кого претходно се познавале

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму.

„Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира. Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција.

Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот,“ информираат од ОЈО.

Судијата на претходна постапка попладнево ги прифати предложените мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без проценка за исплатливоста во ТИРЗ за пет години доделени 75,5 милиони евра државна помош, велат од Државна ревизија

Редакција

Манчевски: Не можеш цел живот да се занимаваш со политика, заминав бидејќи ќе го работам она што го сакам

Силвана Жежова

Убава вест: 574 оздравени од Ковид-19

Редакција