еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

6 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија вкупно се регистрирани 1.399 заболени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 13.

Потврдените случаи се од 4 градови.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 4 во возрасната група од 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 7 женски и 6 машки лица.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 6 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 8 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излекувани 68 здравствени работници во Македонија, голем раст

22,9% од заболените со коронавирусот во Македонија се/биле хоспитализирани

(Графикон) До 19 години се 107 од заболените со коронавирусот во Македонија

2 лица од новопочинатите од коронавирусот во Македонија биле со претходни заболувања

Фото: Општина Куманово/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата и семејството трагаат по исчезнат 35-годишен кумановец

Редакција

(Галерија) Незаборавно музичко патување со звуците на музиката од грчки филмови

Редакција

Министерство за одбрана: Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Редакција