еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

62-годишник од Битола го убил неговиот поранешен зет кој насилно влегол во куќата и се заканувал на ќерка му

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62), кој околу 05.55 часот утрово во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С. (44), кој починал на местото.

Според пријавеното, С.С. претходно, со употреба на сила, влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која е негова поранешна сопруга.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонско девојче прогласено за најдобар ученик во светски познатото балетско школо Бољшој

Редакција

Кои се предлог кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Редакција

Брачна драма во Гостивар: Повредена жена при обид да одземе нож од сопругот

Редакција