еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

7мо историско велосипедско патување – На 1ви од Скопје до Богомила

По повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Сојуз на спортови на Скопје ја организира 7та велосипедска тура низ Македонија. Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има за цел да прерасне во активност која ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.

Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорги Кузмановски на своја 77 годишна возраст, заедно со Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50 годишна возраст, ќе ја започнат 90 километарската тура на 1ви Септември, сабота. Тие ќе тргнат од плоштад Македонија во Скопје во 09.30 часот и очекуваат да пристигнат во Богомила во 13.00 часот.

Покажувајќи ја истрајноста и пожртвуваноста да ја достигнат својата цел, Ѓорги и Дејан докажуваат дека со многу мотивација и желба секој може да го постигне тоа што го сака и истовремено да ја прослави својата и независноста на државата.

Со ова Кузмановски и Момировски прават уште еден чекор за зајакнување на спортот во Македонија.Тие ги поттикнуваат сите да се впуштат во авантура која никогаш нема да ја заборават.

Од 2012 до денес ги имаат реализирано следниве тури:

2012 Битола – Скопје  175 км

2013 Скопје – Гевгелија 165 км

2014 Скопје – Свети Николе 77  км

2015 Крушево –  Скопје 152 км

2016 Штип – Струмица 110 км

2017 Маврово – Кичево – Битола 122 км.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Редакција

Тетово доби Роса школа за доење – донација од Пивара Скопје и Министерството за здравство

Редакција

Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Редакција