еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

80,7 од починатите од Ковид-19 со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 27 септември покажуваат дека 80,7 од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања.

“Регистрирани се 729 смртни случаи (Лт = 4,1%).

Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54).

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=530) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 138,3/100.000 жители.

Регистрирани се 459 смртни случаи кај лица од машки и 270 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 588 (80,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=442), дијабет (n=206) и белодробна болест (n=108).

Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и седум смртни случаи кај здравствени работници“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

48 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две млади лица од Охрид загинаа во собраќајка кај Ресен

Редакција

Струшки „Илинден“ го доби тендерот на ЈП за одржување патишта за набавка на битумен вреден 8,5 милиони евра

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: „Шегата“ на Рама е неприфатлива, должи извинување кон премиерот и македонската јавност

Редакција