еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија 93. според индексот на корупција на Транспаренси интернешнал: Во регионов подобра само од Албанија

Македонија е рангирана на 93. место според Индексот на корупција за 2018 година што го објави Транспаренси интернешнал.

Македонија го дели 93. местото со Косово. Од земјите во регионот подобро е рангирана само од Албанија. Словенија е на 36. место, Хрватска на 60., Бугарија 77., Грција и Црна Гора 67., Србија на 87., а БиХ на 89. место.

Најмалку коруција, според Транспаренси интернешнал, има во Данска, Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија, а најкорумпирани земји во светот се Сомалија, Сирија, Јужен Судан, Јемен и Северна Кореја.

Со идексот на корупција на Транспаренси интернешнал се опфатени вкупно 180 земји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапи за денар, дизелот за половина денар

Редакција

Се јави сопственикот на „Нефа мебел“: Сите ќе ги добијат парите, се извинуваме за стресот

Редакција

Окта во првите три месеци од годината со добивка

Редакција