еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во Скопје се пријавиле 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2020“

Како и во минатите години, за денешниот празник Водици, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2020“.

Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне, кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј ин“.

Претходно, во 9 часот, тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

Првата богојавленска литија (поворка) е планирана од храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје, преку кејот кај Министерството за надворешни работи до мостот кај хот. „Холидеј ин“, а втората литија ќе почне од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во која ќе учествува и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и ќе се движи по кејот на Вардар и покрај МНР ќе пристигне на мостот.

Од Скопската епархија информираат дека лицето кое ќе го фати крстот ќе прими честитки и дарови од архиепископот г.г. Стефан.

МИА/Фото: Викимапија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Православните верници го слават Богојавление – Водици: Бог се јави, навистина се јави

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Неделава најверојатно ќе имаме почеток на есенскиот бран

Редакција

Денеска облачно време со дожд и грмежи

Редакција

Пролетта почнува вечерва во 22 часот и 58 минути

Редакција