Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски, кој беше обвинет во случајот „Шпион“.
На Божиновски му се судеше за шпионажа и уцена во раздвоена постапка.
Во завршниот збор тој рече дека не бил соочен со ниту еден доказ и дека целиот предмет бил спакуван од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) без да се дозволи увид во доказите.
Пред неколку дена и другите обвинети во „Шпион“ добија ослободителни пресуди
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ослободителни пресуди за петмина обвинети во случајот „Шпион“
Фото: Фејсбук/Божиновски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.