еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија за Драгана Чифлиганец во Белград

Д-р Драгана Д. Чифлиганец синоќа во Белград ја доби престижната интернационална награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија, информираат од Адора инженеринг.

На 12-тата манифестација во Белекспо центарот, за избор на дами и џентлмени на годината, наградени беа истакнати жени и мажи од јавниот, економскиот и општествениот живот од Србија и Европа, меѓу кои и Ивица Дачиќ, потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи.

“Извршната директорка на Адора инженеринг на свеченоста беше претставена како силна и успешна млада жена, 15 години црсто етаблирана во „машкиот бизнис на висоградбата“, позната по трудољубивоста, упорноста, пионерските чекори за воведување на нов концепт на поквалитетно и хумано домување, базиран на светските стандарди и најнови трендови, потврден филантроп, силен лобист за родова еднаквост и женски права и докажан општествено одговорен активист.

Драгана порача дека ова е големо признание за неа и за Македонија, што како единствена добитничка годинава од нашата земја, ја поттикнува и натаму посветено да работи на воведување на иновациите во домувањето и на хуманите проекти за поддршка на поединците и заедницата“, велат од компанијата.

Наградата доделена на 8-ми март, Драгана Чифлиганец им ја  посвети на сите силни жени за кои славниот нобеловец Иво Андриќ запишал: „Жената стои како капија, на излезот и на влезот во овој свет“.

Д-р Драгана Д. Чифлиганец е добитник на повеќе меѓународни и национални признанија, меѓу кои и „40 под 40“, 2019 во Амстердам за водечки млади бизнис лидери во Југоисточна Европа, „Менаџер на годината“ во 2012 во Македонија и „Дама во градежништвото“ во 2014-та година на Саемот за градежништво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Уметничка акција: Облечете папучи и „Седете дома” 

Редакција

8 Март во „Рамстор Мол“ – Центарот на сите нејзини желби

Редакција

„Виз ер“ за Black Friday нуди 30% намалување на цените на картите на одбраните летови

Редакција