еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Прекинот на работа на „Кромберг и Шуберт“ и „Дрекслмаер“ прв голем удар од корона вирусот

Зголемување на невработеноста и опаѓање на животниот стандард носи заканата од корона вирусот, а првите негативни знаци во оваа насока дојдоа од големите производители од автомобилската индустрија во земјава, „Кромберг и Шуберт“ и „Дрекслемаер“ кои најавија привремено запирање на производството.

Од фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола вчера соошштија дека прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија.

Дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од денеска ќе биде прекината и за Германија.

„Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство, ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука.

Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија“, посочија вчера од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

Истовремено од „Дрекслмаер“ соопштија дека од следната седмица ќе работат со значително намален капацитет, речиси на технички минимум. Сево ова, како што додаваат, согласно препораките за заштита од корона вирусот и актуелната состојба во автомобилската индустрија.

„Работниците колективно ќе користат дел од платениот годишен одмор. Платеното отсуство ќе биде две седмици. После тоа, согласно со нарачките за работа и целата ситуација со коронавирусот, ќе се донесе соодветна одлука“, нагласуваат од германската фабрика во која работат работници од повеќе општини.

Стопирањето на производството во овие два капацитети на подолг рок поради корона вирусот може да доведе до драстично зголемување на невработеноста и намалување на извозот на земјава.

Станува збор за капацитети во кои работат илјадници луѓе и кои „хранат“ голем број мали домашни компании кои се нивни добавувачи.

Доколку ваквата состојба потрае, Владата ќе мора да најде начин да им помогне на компаниите да ги задржат луѓето на работа или пак да обезбеди помош за оние граѓани кои ќе ги загубат работните места поради корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Поради корона вирусот, „Кромберг и Шуберт“ привремено запира со работа

Поради корона вирусот: Пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21,6% од заболените со Ковид-19 во Македонија немале симптоми

Редакција

(ВО ЖИВО) Обраќање на премиерот Ковачевски до јавноста

Редакција

По исчезнувањето на неколку лица во Скопје: На социјалните мрежи се шири паника за сериски убиец и трговци со органи

Редакција