еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најголем дел на возраст од 30 до 39 години, повеќе жени, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Во Македонија вчера беа регистрирани 36 нови случаи на заразени со Ковид-19.

“Тестирани се вкупно 437 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 36 или 8,2% од тестираните.

Потврдените случаи се од 6 градови, а 61,1% од пријавените лица се со место на живеење во Скопје, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем дел од регистрираните случаи, 9, се на возраст од 30-39 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 25 женски и 11 машки лица, стои во анализата на ИЈЗ.

“Хоспитализирани се 7 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 11 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 21 лице имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани случаи со историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај тројцата новопочинати од коронавирусот евидентирана хронична и здравствени состојби

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Филипче сам за Велигден

Коронавирусот во Македонија „влезе„ и во домовите за стари лица

Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Организација на потрошувачи на Македонија: Не е во ред Македонски телеком да наплаќа провизија за плаќање сметка во салон

Редакција

Јовановиќ за најавите на Левица дека ќе тужи: „Ако мислите среде криза да блокирате институции, вие сте за „риалити шоу““

Редакција

Циркусот „Рекет“ заврши, ама не дознавме каде се парите

Редакција