Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција по повод третиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од корона вирусот најави дека награда од 20 отсто од основната плата ќе добијат најизложените здравствени работници за два месеци.
Тој посочи дека награда ќе добијат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе подели ваучери од 6.000 денари на 100.000 граѓани за одмор во Македонија
Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи
Трет пакет економски мерки: Младите ќе добијат ваучери за партиципација на факултет и за ИТ обуки