еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

ЕУ со финансиска помош за Македонија од три милијарди евра за наредните седум години

Европската перспектива на државата и европските вредности како водечки приоритети се препознаени, а признание за тоа е и вклучувањето на земјава во седумгодишната финансиска рамка на Европскиот совет, насловена „Нова генерација ЕУ“, информираше денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Тоа за нас како држава, значи достапни неповратни средства од околу три милијарди евра за овој седумгодишен период, како средства за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3.

Овие средства Република Северна Македонија ги добива како поддршка во грантови и проекти и значајно ќе го забрзаат економскиот развој и реформскиот капацитет. Тоа значи средства и проекти во областа на транспортот и инфраструктурата, во земјоделието и животната средина, во економскиот развој, во правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери,“ изјави Кузеска.

Таа додаде дека овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на нашата држава во наредниот седумгодишен период, после кој очекуваме во европскиот буџет да бидеме проектирани веќе како држава членка на Европската Унија.

„Заедно со веќе доделената помош за справување со кризата од Ковид-19, ова е значаен сигнал за нас како држава која ги започнува преговорите со ЕУ,“ додаде таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврокомесарот за проширување Вархеји по средбата со Пендаровски повика на решение меѓу Македонија и Бугарија

Редакција

Ковачевски се сретна со Макрон: Не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции

Редакција

Поддршка од Кипар за европската перспектива на Македонија

Редакција