Наставник во основно училиште во Кавадарци е позитивен на коронавирусот. Во изолација се 13 ученици и еден наставник. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
Последните 24 часа регистрирани се нови 48 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата.
– Дваесет и три од Кавадарци, два од Росоман, 20 од Неготино и три од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 21 година, а најстариот е на 90-годишна возраст, рече Јовановски.
Тој додаде дека изминатото деноноќие починале две лица со коронавирусот од Тиквешијата. Едното од Неготино на возраст од 65 години, а другото од Демир Капија на 68-годишна возраст.
Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат.
МИА/Фото: Општина Кавадарци