еМагазин
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Многу посетители, снег и сонце: Се отвори туристичката сезона на Попова Шапка

Прекрасен ден со многу сонце и пријатно време на отварањето на овогодинешнава сезона во скијачкиот центар на Попова Шапка.

Убавото време, чистиот воздух, но и бесплатното користење на ски-лифтовите денеска донесе бројни посетители на Попова Шапка.

Исто страствените љубители на спортови на снег треба да знаат и дека ланскиот сезонскиот ски-билет ќе важи и оваа скијачка сезона, а останатите билети остануваат со иста цена.

Дневниот билет, кој важи од 9 до 15:30 часот, ќе се продава по цена од 1.000 денари, додека полудневниот билет, кој важи од 12 до 15:30 часот, е 700 денари.

Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, е 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари.

Новина годинава е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите олеснети мерки за влез во Косово, Норвешка и Бугарија

Редакција

Мицкоски: Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше

Редакција

ДИК склучи договор со печатницата Киро Д. Дандаро вреден 845,5 илјади евра

Редакција