еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Горан Кунгуловски за руската вакцина: Резултатите се одлични, треба да биде одобрена и во Македонија најбрзо што може

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на својот Фејсбук објави дека излегле резултатите од клиничката студија во фаза 3 на руската вакцина Sputnik V во реномираното списание The Lancet.

„Вакцината е базирана на аденовирусна векторска технологија, слично како вакцините на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals.

Резултатите изгледаат ОДЛИЧНО! Ефикасноста на вакцината е 91.6% во рок од 21 ден после примањето на првата доза. Далеку подобра од таа на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals.

Ова значи дека дури и една доза од вакцината води до значајна (и можеби и доволна) заштита кај најголем дел од луѓето против Ковид-19, во сите старосни граници.

Ете уште еден кандидат којшто треба да биде одобрен за употреба во Македонија најбрзо што може,“ пишува тој.

Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избрканите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат како независни во нова опозициска пратеничка група

Редакција

Од партијата на Љубчо Героргиевски бараат државата да докажала дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистите

Редакција

Поразителни резултати на анкета на Факултети.мк: 83,7 отсто би се отселиле од Македонија

Редакција