Богатството на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп се намали за 700 милиони долари за време на мандатот од јануари 2017 до 2021 година, објави Блумберг.
Пред да ја преземе функцијата, Трамп имаше богатство од три милијарди долари, а сега изнесува 2,3 милијарди долари.
Главниот дел од неговото богатсво се деловни згради, хотели и одморалишта. Пандемијата на Ковид-19 влијаеше на приходите на Трамп, а неговиот имиџ е нарушен од нападот врз Конгресот на 6 јануари.
Медиумите забележуваат дека нападот негативно се одрази и врз односите на Трамп со брокерите и доверителите. Најмалку 590 милиони долари заеми мора да се отплатат во следните четири години, а Трамп лично гарантира за повеќе од половината.
МИА/Фото: Фејсбук/Трамп
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.