еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Хуманитарни денови во Ресорт Маврово

На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом. Оваа година поради пандемијата, велеслаломот нема да се одржи, но ние заедно со Вас продолжуваме со хуманост.

Веќе 19 година по ред, компаниите имаат можност, преку скијање, да помогнат некому. Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом Маврово оствари многу хуманитарни цели. Овогодинешната цел е да се покажe хуманоста на непрофесионалните и професионалните скијачи кон оние на кои им треба нашата помош за соодветни услови за школување.

Затоа, на 6-ти и 7-ми април годинава, во Ресорт Маврово скијаме за ученички дом „Седек Костоски” Маврови Анови, кој работи во состав на Основното училиште „Денче Дејаноски“, општина Маврово и Ростуше. Во ученичкиот дом се сместени деца од прво до деветто одделение од околните села и деца од социјално загрозени семејства.

Сите приходи од купените скијачки карти, Ресорт Маврово ќе ги донира на ученичкиот дом „Седек Костоски” за негово реновирање и подобрување на условите за живот на децата кои таму домуваат.

Испратете ги вашите вработени на чист воздух и малку одмор од секојдневието и помогнете им на децата од ученичкиот дом „Седек Костоски” да имаат подобри услови за школување и околина која ќе им овозможи квалитетно образование. Ако немате скијачи во вашата компанија, но имате желба да им помогнете на децата, може директно да донирате средства на ученички дом „Седек Костоски” Маврови Анови.

За резервации, повеќе информации и прашања, обратете ни се на [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екипата на „Медена земја“ дел од пред-оскаровскиот настан со авторите на филмовите од категоријата „најдобар документарен филм“

Редакција

По трансплантацијата на срце, Иван е добар: Следува најважниот период од неговото закрепнување

Редакција

(Видео) Новата реклама на „Самсунг“ со музика од македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика „Филтер Лабел“

Редакција