еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Португалија смета дека треба да се почитува бугарската позиција, се надева дека проблемот со Македонија ќе го реши Словенија

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе донесат решение за бугарското вето за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Таа очекува Словенија, како земја од регионот, која го презема ротирачкото претседателство со ЕУ од 1 јули, да помогне да се најде решение за проблемот.

Закаријаш во изјава за Бугарското национално радио, вели и дека треба да се почитува бугарската позиција и да не се воведуваат несогласувања во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

-Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, станува збор за историјата, културниот идентитет на двете земји, како и за идната соработка. Тие во моментов работат на патоказ што треба да им помогне во соработката, а Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат без попречувања, изјави Закаријаш.

Според неа, Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција, заради кои го смени своето име. Во исто време, и проблемот меѓу Софија и Скопје е многу тежок затоа што е поврзан со јазикот и културните димензии на двете земји.

– На 11 јули во Бугарија ќе има нови избори и мислам дека бугарските власти ги очекуваат резултатите пред да одлучат како да постапат, истакна Закаријаш.

Вели дека е многу важно несогласувањата меѓу двете земји да не се внесуваат во ЕУ и оти Бугарија е под притисок да најде компромис.

– Мислам дека времето не беше соодветно за решение. На Бугарија и требаше повеќе време да разговара за овие прашања. Дали ќе има избори или не, сметам дека преговорите со Северна Македонија мора да продолжат, особено во однос на патоказот, кој мора да биде јасен.

Двете страни се обидуваат да го искажат својот став – Бугарија секогаш велеше дека не е против членството на Северна Македонија во ЕУ, напротив, таа сака да биде таму, вели државната секретарка за европски прашања на Португалија, чија земја претседаваше со ЕУ во првата половина од годинава.

Закариаш заклучува дека треба да има јасност во некои аспекти и додава дека е потребно повеќе време, поголема претпазливост и дека дебатата мора да продолжи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално

Редакција

Наместо подароци за 8. март донирајте за Срна, Кара, Леонид, Јани…

Редакција

Современо лекување на неконтролираното мокрење и мускулите на карличното дно

Редакција