еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во декември намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата лани во декември е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а на годишно ниво во 2021 година има намалување од 2,4 отсто во однос на 2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи опаѓање од 6,2 отсто, во Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1 отсто, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај Енергија за 2,8 отсто, Капитални производи за 0,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто, додека пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на цените: Трошоците на живот зголемени за 3,7%

Редакција

Владата ги усвои законските измени за минимална плата од 18.000 денари

Редакција

Државата ќе ги покрие долговите за струјa кај институциите кои имаат објективни причини за тоа, останатите ќе бидат повикани на одговорност

Редакција