Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска со семејството по повод Воскресението Христово – Велигден присустуваше на света литургија во храмот „Свети Никола“ во Охрид.
– Ви посакувам мирни празнични денови со вашите најблиски, спокој и радост во срцата. За многу години Велигден, Христос воскресна, напиша Пендаровски на својот Фејсбук-профил.
На припадниците од православна вероиспод им посака празничните денови да ги поминат, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир.
– Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов, стои во велигденската честитка на претседателот Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Премиерот Ковачевски со сопругата на литургија по повод Велигден
Фото: Кабинет на претседател