Владата на денешната седница донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ со цел националните радио станици да се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации, известуваат од владината Прес-служба.
Оттаму додаваат дека со ова со средства од Буџетот на Владата предвидени во делот на антикризните мерки, делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.