еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и економиите на членките на Иницијативата, јави дописникот на МИА од Белград.

Чадеж на ТВ Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворениот Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона беа одлични можности за промоција на регионот и на нови деловни зделки.

-Важно е ние да соработуваме во регионот, но и да разговараме многу активно со ЕУ за што поскоро да добиеме влез на единствениот европски пазар и да ги уживаме четирите слободи. Тоа не е само прашање на нашиот економски опстанок, туку и европско безбедносно прашање, консолидација на ресурсите, идни иновации…, рече Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС.

Тој додаде дека постои јасен правен модел и примери како другите европски земји станале членки на единствениот европски пазар и посочи дека од клучно значење е да се започне нова комуникација и динамика на разговори со ЕУ.

-Единствен пазар што е можно поскоро, четирите слободи што е можно поскоро, српската економија и граѓаните на Србија во структурите на Европа што е можно поскоро, рече Чадеж.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) НАСА објави фасцинантни фотографии од најдалечните галаксии, галактички танц, ѕвезден расадник…

Редакција

ЈП Водовод и канализација склучи договор со „Енерџи активе„ вреден 7,2 милиони евра

Редакција

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција