еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка предупредува за злоупотреба на податоци и сметки

За да спречите злоупотреба на податоци и сметки во НЛБ Банка, како и за ваша заштита и безбедност при користење на услугите, апелираме да бидете особено внимателни кога некој Ве контактира во име на Банката, информираат од таму на социјалните мрежи

-Следниве податоци никогаш не ги споделувајте со друго лице, дури и ако лицето се идентификува како претставник на Банката: активациски кодови за електронско и мобилно банкарство, лозинки за потврдување на плаќања, копија од документите за лична идентификација (лична карта, пасош).

При инициран контакт од страна на Банката, нашите вработени никогаш нема да ви ги побараат овие податоци.

Доколку се сомневате во злоупотреба на вашите податоци, ве молиме веднаш да не известите на 02/15 600 или на [email protected], стои во објавата.

На овој линк повеќе корисни совети за ваша заштита и безбедност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Бојко Борисов

Редакција

Која е таа пријателска земја што му помогнала на „рекетираниот“ бизнисмен во случајот „Рекет“?

Редакција

(Фото) Референдумот топ тема во регионов: „Македонците гласат за промена на името„

Редакција