еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани во Словенија да ги напуштат загрозените области, повика МНР

Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.

“Ги повикуваме сите граѓани на Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.

Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected],” се вели во соопштението.

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Невреме поплави села и затвори патишта во Словенија

Во силното невреме во Словенија загинаа неколку лица, врнежите ќе продолжат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денешните политичари се слуги на дневно-политичките и геостратешки интереси, а не на државотворните, порача претседателот на МАНУ

Редакција

Членовите на Советот за безбедност на ОН го осудија Хамас, Русија не

Редакција

Левица поднесе интерпелација за работата на Гаши

Редакција