еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Македонија, велат од Светска банка

Светската банка денеска соопшти дека политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) луѓе би можеле да помогнат во градењето поправедни и рамноправни општества и да имаат корист за економиите на Македонија и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Годишниот бруто домашен производ (БДП) на двете земји би се зголемил во просек за 0,6 отсто, или вкупно 360 милиони американски долари, според студијата на Светска банка, „доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на трудот за ЛГБТИ луѓето кои се соочуваат со дискриминација поради нечија сексуална ориентација, родов идентитет и изразување и родови карактеристики“.

Како што се наведува во соопштението, поверојатно е дека ЛГБТИ лицата во Србија ќе бидат во понеповолна економска положба од општата популација.

Еден од седум ЛГБТИ лица во Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.

-Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој, рече директорот на Светска банка за Западен Балкан, Шаочинг Ју.

Тој оцени дека истражувањето покажува дека „вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не само што е вистинската работа, туку и основа за стабилна економија“.

Македонија и Србија спроведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ луѓето, соопшти Светска банка, додавајќи дека е неопходно да се спроведат клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во Европската унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миланов на завршните зборови за „Организаторите на 27 Април“: Вељаноски ја водел седница согласно Деловникот на Собранието

Редакција

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Редакција

„Диви Македонија“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип вреден 143.000 евра

Редакција