Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска најави дека МНР ќе упати повик до нашите граѓани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат државата поради, како што кажа непредвидливата ситуација таму.
-Можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, ниту амбасада и би било многу тешко потоа да ги згрижиме во услови состојбата да се влоши.
Затоа сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои евентуално се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата, рече Османи.
Во однос на брачниот пар, кој е во Газа, повтори дека тие се локални жители на Газа кои имаат државјанство на Македонија.
-Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме. Тие се во рамки на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет, така што во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет, рече Османи.
МИА/Фото: МНР