еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Камник започна со производство на овошни ракии

Винарија Камник со лансирањето на новите брендови овошни ракии ја проширува дејноста во дестилерија и го зголемува портфолиото. Damson од слива, Jonathan од јаболко, Williams од круша и Bloom од дуња се новите вкусови овошни ракии, бренди од Дестилерија Камник, информираат од таму.

При создавањето на новите вкусови на бренди се следат традиционалните вештини применети низ иновативна технологија, нешто што првпат се среќава во нашата држава, соодветно со насоките на служење на идеална температура од 6-8 степени Целзиусови и во специјализирана чаша, за да се откријат сите потенцијали на овој пијалак.

„Создавањето на новите вкусови е резултат на потрагата по совршен пијалак со кој ќе се долови богатството на секое овошје низ вкусот на извонредно бренди. Го изразуваат карактерот на секое овошје на најискрен и најпрефинет начин и се резултат на нашата посветеност на квалитетот и традицијата.

Новите вкусови освен што ќе воведат свежина и пресврт на конвенционалниот пазар, дополнително отвораат и нови хоризонти за консумација на бренди пијалаците, нови примени во гастрономијата при спарување со храна, како и нови алтернативи во делот на миксологијата. Додека пак вековната традиција на дестилација применета во нивното создавање им дава автентичност што значајно ќе се отслика и во силна конкурентност на странските пазари“, изјавија од Дестилерија Камник.

Лансирањето на новите вкусови следи по одличните реакции на потрошувачите на првите гроздови ракии произведени од Дестилерија Камник, како дел од мало ексклузивно производство на овој вид пијалаци започнато во 2019 година, примарно наменето за домашниот пазар.

Muscat Hamburg е првото бренди што излегува и кое добива 98 поени и награда Златен медал на International Wine and Spirits Competition, во Лондон во категоријата Wine Based Brandy/ Aguardente. Потоа следи и првото македонско бренди зреено во дабови буриња, Signature.

За 2024 година Дестилерија Камник најавува Muscat Hamburg кое ќе биде созревано во дабови буриња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се разгорува акционерската битка во „Реплек“: Продаден блок акции за 283.000 евра

Редакција

Освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици, велат од ЕВН

Редакција

(Галерија) Туристички комплекс „Бела вода“: Не е на швајцарски Алпи, во Македонија е

Редакција