Во организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита со поддршка на Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска вработените во здравство протестираа пред Министерството за здравство.
Тие го искажаа своето незадоволство од непотпишувањето на анексот на Колективниот договор со кој платите на сите вработени во дејноста треба да се пораснат за 15%, согласно зголемувањето на минималната плата во март, и порачаа дека не отстапуваат од нивното барање. Доколку не го добијат ќе организираат поброен протест.
Преставниците на синдикатот и вработените ги посочија и проблемите на приватните специјализанти и на вработените со договор на дело на определено време, како и проблемот дека во здравствените институции се вработува несоодветен и неспособен медицински кадар.
Фото: ССМ