Од Министерството за внатрешни работи информираа дека Д.С. (63) денеска рано наутро бил пронајден мртов на неговото работно место во куќарка на паркинг во скопската Општина Центар.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.