Предлогот на Министерството за правда за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски помина на владина седница.
Во предлогот стои дека Коцевски постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои тој требало да знае и требало да се изземе.
Владата сега предлогот треба да го достави до Советот на јавни обвинители, од каде што се очекува мислење во наредните 15 дена.
За разрешувањето на Коцевски последниот збор ќе го имаат пратениците. За негова смена е потребен 61 глас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е државниот јавен обвинител Коцевски за кого Владата бара разрешување
Каков имот пријавил државниот јавен обвинител Коцевски, за кого Владата бара разрешување