еМагазин
Image default
Македонија

СЈO е подготвено веднаш да ги предаде предметите на Јавното обвинителство

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази на Јавното обвинителство.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство.

Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително“, се вели во соопштението објавено на нивната веб-страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристоска не губи надеж: СЈО се уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се сретне со Борисов: Заев низ дијалог ќе барал решенија со пријателска Бугарија

Редакција

Вкупно 2.354: Од Ковид-19 починаа 14 лица

Редакција

Светската органзација на контролори на летање, запознаенa со случувањата во М-НАВ

Редакција