Охридска банка ќе дели бруто-дивиденда од 68 денари за акција

707 Views Април 17, 2018 Бизнис Никола Осило

Во согласност со одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска банка АД Скопје по годишната сметка за 2017 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2017 година во бруто-износ од 35.111.800 денари, соопшти банката преку Македонската берза.

„Износот на бруто-дивидендата по акција изнесува 68 денари. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во пари по следниот дивиденден календар: датумот на пресек на акционерската книга според кој се определува правото на дивиденда за 2017 година е 01.06.2018 г., последен датум на тргување со право на дивиденда за 2017 година е 30.05.2018 г., прв ден на тргување без право на дивиденда за 2017 година е 31.05.2018 г., исплатата на дивидендата за 2017 година ќе започне на 12.06.2018 година“, соопшти банката.

Фото: Охридска банка

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Богов: Ако Охридска банка се продава, идните акционери треба да се на исто ниво на квалитет

Во милионска трансакција продадени акции од Охридска банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!