еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

А Османи да направи увид до кај е екстрадицијата на обвинетите за „Монструм“ од Косово

Од „бомбите“ за „Монструм“ јавноста вчера дозна дека поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, кадар на владејачката ДУИ, не потпишувал екстрадиција за двајца обвинети за случајот, кои избегаа на Косово.

Наместо да направи се за да ја забрза постапката за екстрадиција за случај во кој станува збор за невиден маскар на невини луѓе и деца, тој како што дознавме од „бомбите“ калкулирал со истата.

Беџети сега е градоначалник на скопската Општина Сарај, но може по примерот на неговиот соопартиец, Бујар Османи, да провери зошто се уште овие две лица не ни се испорачани од пријателско Косово.

Не дека тоа му е работа, но ете да покаже човечка димензија.

Или може да го замоли колегата Османи, „момакот за све“ кој има „искуство“ и во оваа област, кој како што видовме деновиве е и „роден„ за инспектор.

Османи неодамна лично се ангажираше да се ослободи Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион.

Османи поднесе дури и службено барање до судијката која ја спроведуваше постапката да му дозволи да го посети Морина.

Би било одлично со истиот жар и Османи и Беџети да се ангажираат, да ги искористат сите „врски“ што ги имаат и да помогнат конечно да ни се екстрадираат тие лице од Косово.

Оти како што им е познато и на двајцата, додека нема правда, нема ни мир.

Случајот „Монструм“, се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12. април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатката на семејствата на жртвите, Ивановска: Долго ги чекавме „бомбите„ за „Монструм“, но во нив нема ништо суштинско

„Бомба“ за Монструм открива дека екс министерот за правда Беџети не потпишувал екстрадиција на обвинетите од Косово

Рибарот бил убиен зошто е сведок, открива Јанакиески во „бомба„ за Монструм

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката за гинекологија вработува 38 лица, плата до 24.000 денари

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за набавка на струја вреден 607.000 евра

Редакција

Нови 541 случаи на Ковид-19 од 2.789 тестирања

Редакција