еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ

А што има врска дека снимката каде што се заканува градоначалникот на Демир Хисар била стара?

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски по објавувањето на видео снимка на која се им се заканува на вработени одлучи да молчи и да не дава изјави за медиумите.

Освен дека снимката била направена во јануари годинава, како што рекол Стојановски во полиција, повеќе детали за случајот не соопштија ни од Министерството за внатрешни работи, каде тој беше повикан на информативен разговор.

На снимката, Стојановски, кој е поранешен полицаец, им се заканува на вработените во училиштата дека ќе ги прислушува нивните телефонски разговори и ќе следи што прават и каде одат.

Снимката отвара неколку прашања.

Дали Стојановски и друг пат се заканувал на вработени?

Дали заканите се оствариле?

Дали и актуелната власт, како и претходната власт ги прислушува тие што не и се допаѓаат?

Дали и други функционери на актуелната власт се закануваат?

Да се надеваме дека случајот нема да заврши со констатацијата дека снимката била стара. Закана си е закана.

Фото: Фејсбук/Стојановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаќи, плажа, рекет и македонска (не)правда

Редакција

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Редакција

Каква мака треба да имаш за да го чекаш министерот за здравство пред врата, за да те примат на Клиника

Силвана Жежова