еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Џабе толку фама околу Антикорупциска, ако идните членови не работат како што треба

Многу фама се дигна за изборот на идните членови на Државната комисија за спречување корупција или позната во јавноста и како Антикорупциска.

Па толку кандидати се пријавиле, па ќе се правеле интервјуа со нив, кои ќе се пренесувале на Собранискиот канал, па незнам што… Демек досега невидено чудо.

Досегашното постоење на оваа Комисија не даде ама баш никакви резултати. Тоа што е сигурно – во неа по автоматизам завршуваа блиски до едните или до другите или комбинација од двете.

Дека оваа Комисија не си ја работеше работата како што треба, сведочат и анкетните листови кои новите функционери ги доставуваат до неа, а кои еМагазин редовно ги објавува.

Многу од тие анкетни листови се „сомнителни“, но никому ништо. Ни еден функционер не одговараше за тоа.

Тоа што никогаш не дознавме какви анкетни листови доставиле и дали воопшто доставуваат функционерите кога си заминуваат од функција (што им е исто така законска обврска) е друга тема.

Трета тема е што и покрај бројните пишувања на медиумите за богатење на функционери на сметка на функциите, Антикорупциска во својата историја нема ниту едно такво „откритие“, освен во одредени случаи кога требало да „удри“ по некого по нарачка.

Така да, се е џабе, ако идните членови не работат како што треба. А работа ќе имаат колку што сакаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зделка на годината: Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Редакција

Учебната година започнува на 1 септември

Редакција

По неколкуте инциденти: Си „пука“ ли Албанија во туристичката сезона?

Редакција