еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Јадеме канцерогени супи: Високо ниво на арсен во целерот

Концетрации на арсенот во почвата се на загрижувачко високо ниво. Помалку концетрации има во зелката и морков, но фрапирачко висока е во целерот, во кој има 16 пати поголема концетрација од дозволеното.

Ова се резултатите од анализите направени од испитувањето на нивото на загаденост на почвата во Скопскиот регион, што во Скопје ги презентираше еколошкото друштво „Вила зора”.

Ненад Коциќ од „Вила зора” рече дека проектот е спроведен во четири општини Тетово, Велес, Кавадарци и Скопје заедно со партнери од здружението „Балкански мостови”

– Направени се испитувања врз основа на препораките на експертите за она што најмногу имаа сомневање, а тоа е кадмион и арсен. Концетрациите на арсенот во почвата се загрижувачки. За жал, многу е високо присуство на арсенот во одредени испитувани растенија со помалку концетрации во зелката и во морков, меѓутоа фрапирачко високи концетрации во целерот, со негде до 16 пати поголема концетрација од дозволената, рече Коциќ.

Додаде дека одредени земјоделски производи се навистина токсични по здравјето на луѓето и оти крајно време е да се преземат конкретни мерки во смисла на намалувањето на загадувањето на почвата, а со тоа и создавање на услови за присуство на здрава храна.

На прашањето каде е забележано најголемо присуство на арсен освен во целерот, тој појасни дека се загрозени и растенијата со помали корени.

– Растенијата што имаат подлабоки корени немаат големо влијание од загадувањето затоа што корењата се длабоки и апсорбираат хранливи материи во подлабоките површини каде што загадувањето на стасува. Меѓутоа во сите градови што ги испитувавме има многу ефектирани растенија кои имаат поплитки корења, до кај 40/50 сантиметри и кои што се хранат од овој површински слој, појасни тој.

Посочи дека причината за големото пристуство на арсен е од загадување на водата и од загаденоста во околина на железара, односно тешките метали во воздухот се спуштаат и паѓаат во почвата, со дождовите одат се подлабоко и остануваат во производите што се произведуваат кај храната што ја конзумираме.

Според него, проблемот може да се реши само со намалување на загадувањето, но потребно е и да се изврши деконтаминација на почвата на повеќе начини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Малите од Аеродром беа насочени кон заштита на животната средина на интересен и уникатен начин во Капитол мол

Редакција

Опасниот отпад од ОХИС преточен во нова цистерна, ќе се носи за Германија

Редакција

Реката Серава обоена во црвена боја, вонреден инспекциски надзор по пријавеното загадување

Редакција