Заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска информираше дека администраторот и креаторот на групата „Јавна соба“ биле во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
„Продолжува истрагата на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во врска со групата „Јавна соба” на Телеграм. Вчера вечер во полициска станица беа повикани две лица, од кои едното е администратор, а другото креатор на групата „Јавна соба”.
По извршените разговори и прибавените докази против нив ќе биде поднесена кривична пријава. БЈБ продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица“, напиша Петровска на нејзиниот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.