еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Аднан Ќахил исклучен од неговата партијата, од таму бараат Заев да го разреши и од министерската функција

Од Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информираат дека со одлука на партиските органи го исклучила Аднан Ќахил од партијата, а од премиерот Зоран Заев побарале негово разрешување од функцијата министер без ресор.

„Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува.

Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата.

Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти. Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење“, велат од партијата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, уверува Бектеши

Редакција

Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија позитивни на Ковид-19

Редакција

Што велат од Пиксел груп за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција