еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Адора инженеринг го доби 9. национално признание за изградба на здрави еко домови заштитени од бучава

Адора инженеринг денес го доби деветтото национално признание од министерството за економија за најдобри општествено одговорни практики за одговорен однос кон животната средина за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом“, информираат од компанијата.


Наградата е добиена за изградба на најновиот станбен објект „Црква 3“ во општина Аеородром, Скопје, каде градителите на Адора инженеринг, со традиционално ѕидарство, користејќи традиционални и современи материјали и технологии, изградија нови, поквалитетни, потивки и поздрави еко домови.

Признанието е резултат на постојаното истражување на стручните кадри на Адора инженерин за развивање, унапредување, надградување и усовршување на квалитетот на изградените објекти и домови, особено во делот на енергетската ефикасност и звучната изолација, велат од компанијата.

„За нас компаниите од особено значење е кога некој ги препознава и вреднува нашите напори за создавање одржлив иновативен бизнис од корист на целата заедница. Специјално, за новиот станбен објект, „Црква 3“, креиравме нов состав на сендич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички коридор (ходник), базиран на маса и тежина (два слоја ќерамички блок) и три слоја изолациони материјали, за да добиеме подобра звучна изолација.

Испитувањата од страна на акредитираната лабораторија Амбикон на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, покажаа вредносни параметри на воздушна и ударна звучна изолација кои ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбените објекти.

Тоа е потврда дека успеавме во пионерските заложби, при непостоење на национална регулатива, да воведеме подобар акустичен комфор во домовите, збогатувајќи го објектот „Црква 3“ со зелен парк оплеменет со стотина дрвја и урбана опрема, за релакасација на станарите, во духот на нашата 18 годишна традиција“, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.

Деветтото по ред признание за долгорочниот проект за изградба на еко домовите на Адора инженеринг е дел од 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики кои компанијата ги има добиено изминатите 10 години, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре пречек на ракометарите: Вардар води во прво полувреме со пет гола разлика

Редакција

Македонија е со него: Малиот Марко Пејчиновски го стартува 64-километарски маратон за лицата со ретки болести

Редакција

(Фото) Нов бесценет артефакт за историјата на Пивара Скопје

Редакција