еМагазин
Image default
Балкан

Адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум

Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ поднесе тужба против НАТО поради употреба на муниција со осиромашен ураниум за време на воздушнита напади врз поранешна СР Југославија во 1999 година.

Според Алексиќ, користењето на ваква муниција придонело за „драстично зголемување на онколошките заболувања во регионот“.

Тој нагласи дека тужбата ја поднесува во име на неговата мајка, која починала од рак.

– Како човек и адвокат има долг кон мојата покојна мајка и нашите роднини кои живееја во село, каде беа бомбардирани со мнуција со осиромашен ураниум и заболеа од рак. Многумина од нив починаа од онколошки заболувања, иако живееја во еколошки чисти средини, каде до 1999 година немаше никакви извори на загадување, изјави Алексиќ.

Алексиќ, чија адвокатска канцеларија се наоѓа во Ниш, вели дека ќе ги штити и правата на другите српски граѓани, кои заболеле како последица на влијанието на осиромашниот ураниум.

Тој како пример за зголемниот број на заболени од рак како последица на нападите на НАТО со муниција со осиромашен ураниум го посочи градот Врање во јужна Србија, каде постои улица која меѓу локалните жители е позната како „улицата на мртвите“, затоа што во секоја куќа има барем по еден починат или заболен од карцином. Во близина на таа улица за време на нападите во 1999 година биле фрлени бомби со осиромешен ураниум.

Алексиќ нагласува дека употребата на осиромашен ураниум од страна на НАТО за време на нападите врз СР Југославија би требало да го разгледаат ОН и Советот на Европа како случај на „воено злосторство“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Мнозинството Грци ќе продолжат да не викаат „Скопје“

Редакција

Историска одлука: Европската комисија предложи кандидатски статус за Босна и Херцеговина

Редакција

Хотелиерите од Халкидики подготвени да покријат 50% од трошоците за ПЦР тестовите на туристите

Редакција