еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокатот Дуковски: Обвинителството нема доказ во предметот против Бојан Јовановски

Задоволни сме од одбраната, детална беше од секој аспект и од секој дел на диспозитивот на обвинителниот акт. Така што, тој се произнесе, а Обвинителството е тоа што треба да ја докаже невиноста на обвинетиот, а не ние да докажуваме. Затоа велиме, ја кажа вистината во својата одбрана. Вие немате доказ во овој предмет, изјави адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по изнесената одбрана на денешното рочиште од страна на обвиниетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

Дуковски посочи дека Обвинителството не извршило вештачење на мобилниот телефон.

–  Значи, немате вештачење ниту на снимката што  ја виде половина Европа, а особено немате вештачење на мобилниот телефон. На што се заснова ова обвинение, на исказ на човек којшто има интерес да биде ослободен од друга кривична постапка.

По начинот како е поставено обвинението, истиот тој сведок можел да рече дека им дал на обвинетите 150 милиони евра. Ние видовме неколку лепени делови од фрагментарни снимки, коишто повторувам не се извештачени да каже вешто лице од електро струка дали станува збор за автентична снимка, дали е таа снимка снимена во време, место и на начин како што е кажано, туку видовме само еден куп пари и како излегуваат две лица надвор, пред се, сега веќе осудениот којшто носи некаква торба.

И покрај тоа не беше извршено вештачење на телефонот и јас навистина не знам на што се базира ова обвинение, рече Дуковски.

Тој дополни дека се надева оти судот ќе ги цени подеднакво и со еднакво внимание доказите и на одбраната и на Обвинителството.

Според Дуковски, телефонот на Јовановски за разлика од другите лица во оваа кривична постапка ниту бил заштитен со каков било пасворд ниту имал каква било заштита и затоа така лесно е влезено во неговиот мобилен телефон за разлика од веќе осудениот, на кој, нагласи, „не му е вооопшто вештачен телефонот затоа што се работи за ајфон и неможе да се влезе внатре“.

Дуковски ги негираше тврдењата на обвинителката Вилма Русковска, која рече дека поседува фотографија како доказ оти торбата со наводните милион евра завршила во домот на семејството на Бојан Јовановски, ниту тие како одбрана имале увид во тој доказ.

– Одговорно тврдам дека таква снимка не постои, рече Дуковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Боки 13 на судењето за „Рекет“: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Хип-хоп шоу на Super Bowl: Одличен настап на Др. Дре, Мери Џеј Блајџ, Еминем, Снуп Дог…

Редакција

И денеска во Македонија има околу 1.000 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Македонија 2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Редакција